25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕкстремниот Golf R 400 оди во производство!? (фото)

Екстремниот Golf R 400 оди во производство!? (фото)

ekstrem golf

Иако многумина беа скептични кога „Volkswagen“ го најави новиот концепт „Golf R“ со 400 ks, овој автомобил најверојатно ќе добие своја продукциска верзија.

„Volkswagen“ на актуелниот саем во Пекинг го претстави концептот „Golf R 400“. Станува збор за специјална верзија на „Golf R“, чиј 2.0 литарски турбо-бензинец наместо 300 ks, колку што развива серискиот модел, ќе произведува дури 400 ks, додека максималниот вртежен момент достигнува 450 Nm.

ekstrem golf1

Моторот е поврзан со шестбрзински „DSG“ менувач со двојно квачило, а моќта се пренесува на сите 4 тркала по пат на системот „4MOTION“.

Автомобилот е тежок 1.420 kg, а до „стотка“ забрзува за само 3,9 секунди, a максималната брзина е фабрички ограничена на 280 km/h.

ekstrem golf2

Перформансите на „Golf R 400“ никого не оставија рамнодушен, но малкумина веруваа дека „Volkswagen“ планира сериско производство на овој автомобил.

Меѓутоа, како што пишува магазинот „Car and Driver“, германската компанија нема да се задржи само на концепт. Потврда за идната производна верзија пристигна од шефот за истражување и развој во „Volkswagen“, Хајнц-Јакоб Нојсер, кој во таа прилика не прецизираше кога ќе се реализираат плановите за сериското производство на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП