28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Олимпус“ ја намали прогнозата за овогодишниот профит

„Олимпус“ ја намали прогнозата за овогодишниот профит

olympus

Јапонскиот производител на фотоапарати и медицинска опрема „Олимпус“ ја намали прогнозата за овогодишниот профит, наведувајќи ја како причина слабата побарувачка на дигитални фотоапарати.

Компанијата наведува дека во деловната година која завршува во март, сега очекува нето профит од 64 милиони долари, за разлика од претходно очекуваните 85 милиони долари.

Приходите истовремено се очекува да изнесуваат 7,8 милијарди долари, што е за 2,2 отсто помалку во однос на претходната прогноза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП