30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОхридска банка лани со добивка од 153 милиони денари

Охридска банка лани со добивка од 153 милиони денари

ohridskabanka454vefe

Охридска банка во текот на минатата година манифестираше солидна отпорност во предизвикувачко пазарно опкружување и објави нето добивка од 153 милиони денари што е 20 проценти повеќе од резултатот во 2012 година.

Во 2013 година, Охридска банка забележа пораст на бизнисот и ја одржа активната поддршка на клиентите наспроти отежнатата пазарна средина.

Како што информираат од Банката, постигнато е зголемување на кредитите за 8,3 проценти, средствата се зголемени за 4 отсто, а коефициентот на трошоци е подобрен на 65,7 проценти.

Порастот на перформансите и на профитабилноста е значаен за Охридска банка, но исто така претставува значаен поттик за порастот на банкарскиот сектор во Република Македонија. Кредитите пораснаа над просекот за секторот, на тој начин придонесувајќи со 10 отсто во растот на банкарскиот сектор, стои во соопштението.

Билансот на состојба на Охридска банка со 31 декември 2013 година изнесува 28 милијарди денари што и овозможи на Банката да ја потврди и зајакне позицијата на четврта голема банка во Македонија.

Кредитите од меѓународни финансиски институции значително се зголемија со 13,2 проценти учество во вкупните извори на средства, што придонесува за понатамошна диверзификација на структурата на изворите на Банката.

Од Банката сметаат дека 2013 година означува година на позитивен придонес на сите елементи на Билансот на успех на Банката со цел солиден и подобрен нето резултат што се должи на засилените комерцијални активности, заштеди во оперативните трошоци и на целокупните трошоци под засилена контрола, позитивни ефекти од нето чинењето на ризик, квалитетот на кредитното портфолио и одличната наплата, намаленениот правен ризик позитивната капитална добивка.

– Ние сме посветени на одржување на ова подобрено ниво на финансиски перформанси со истовремено зголемување на нашето пазарно учество на среден рок. Успешно го завршивме планираното репозиционирање на седиштето на банката во главниот град Скопје. Во тек се проекти од суштинско значење што ќе ни помогнат во постигнувањето на нашата мисија, реструктуирање и оптимизација на мрежата на експозитури, понатамошно подобрување на трошоците на Банката и управување со системите на контрола и внимателно управување со ризиците. Убедена сум дека ќе ја задржиме успешната перформанса и во годината во која Сосиете Женерал прославува 150 години од постоењето, рече Јитка Пантучкова, Претседател на Управен одбор на Охридска банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП