29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКоктел од овошје и зеленчук против замор

Коктел од овошје и зеленчук против замор

koktelovoshjezelenchuk

Доколку често сте исцрпени, уморни или имате лоша крвна слика, подгответе го овој лековит еликсир од овошје и зеленчук.

За подготовка на овој пијалок кој ќе ви ја врати енергијата и ќе ви ја подобри крвната слика потребно ви е:

-половна килограм мед

-по еден килограм: лимони, јаболка, цвекло и моркови.

Сите состојки освен медот изрендајте ги свежи, без да ги лупите (доколку се сомневате дека лимоните и јаболката се прскани, потопете ги во вода во која ќе ставите една лажица сода бикарбона да отстојат половина час). Така добиената смеса добро измешајте ја и оставете ја да отстои 24 часа.

Потоа од смесата низ газа исцедете густ сок и во него додадете го медот. Се добро измешајте и чувајте го фрижидер.

Се препорачува по една чаша за ракија наутро пред јадење. Овој сок е одличен за оние кои се анемични и страдаат од недостаток на енергија и замор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП