26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЌе се гради Нестле универзум

Ќе се гради Нестле универзум

nestle1

Компанијата Нестле, во чест на 150 години од постоењето, гради комплекс кој ќе содржи три историски објекти.

Овој импресивен комплекс ќе се наоѓа на улицата Боска во швајцарскиот град Вивиу, каде што производителот Анри Нестле во 1866 година го започнал производството на слатки.

Оваа корпорација за производство на различни видови на прехрамбени производи, според пишувањето на швајцарските медиуми, планира до 2016 година, кога ќе прослави 150 години постоење, да ги обнови старите градби и во нивното опкружување да подигне центар со интересни содржини.

Во комплексот ќе биде вклучен  простор за анимација на деца, изложбен простор, ресторан, кино за проекција на филмови од основањето на компанијата и нејзиниот развој, сали за конференција и бутик.

На два спрата од обновената фабрика ќе биде сместена архивата од компанијата, за која денес работат 283,000 луѓе во светот.

Главна атракција во комплексот ќе биде Космос, во чиј состав ќе бидат седум тематски павилјони, кои посетителите, преку подземи ходници ќе ги води кон откривање на Нестле универзумот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП