5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдличен квартал за Etihad Airways

Одличен квартал за Etihad Airways

etihad211874127534cfe9966d2a216959755_640x363

Националната авиокомпанија на ОАЕ „Etihad Airways“, ги зголеми своите приходи во првиот квартал од оваа година за 27 проценти на годишно ниво, на 1,4 милијарди долари.

Компанијата соопшти дека приходите од договорите и партнерските компании се зголемени за 23 проценти на 223 милиони долари во првите три месеци од оваа година, во споредба со истиот период минатата година.

Бројот на патници кои патувале со „Etihad Airways“ е зголемен за 14 проценти, односно на 3,2 милиони патници, додека обемот на превезен товар е зголемен за 26 проценти на 127,821 тони.

„Etihad Airways“ започна да работи во 2003 година, а минатата година имаше вкупно 11,5 милиони патници, благодарение на кои оствари приходи од 6,1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП