26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVodafonе целосно ја превзема филијалата во Индија

Vodafonе целосно ја превзема филијалата во Индија

fodafone india

Глобалниот телекомуникациски гигант „Vodafonе“ ја превзема целосната контрола над својата филијала во Индија за 1.2 милијарди евра, потврдија од компанијата.

„„Vodafonе“ сега поседува 100 проценти од акциите во индиската филијала „Vodafonе India limited“ (VIL)“, се наведува во соопштението на компанијата.

Како што се додава во истото, договорот за зголемувње на уделот на „Vodafonе“ во „VIL“ од 84,5 на 89,03 проценти е заврешно во март, а британската компанија преостанатите 10,97 проценти денеска ги превзема од компанијата „Piramal Еnterprises“.

„Vodafonе“, која и натаму е во поволна финансиска ситуација по продажбата на својот удел во заедничката компанија „Verizon Wireless“ на американскиот партнер „Verizon“ за сума од 130 милијарди долари, соопшти дека минатиот месец го превзема шпанскиот кабловски оператор „Ono“.

И покрај најновите вести, акциите на „Vodafonе“ утрово паднаа за 0,87 проценти или на 215,95 пени.ц

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП