27 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЗлато за специјалната жолта ракија на „Тиквеш“

Злато за специјалната жолта ракија на „Тиквеш“

tikves logo

Единствената македонска природна жолта лозова ракија со ознаката VS (Very Special – ислучително специjална) на винарската визба „Тиквеш“ е наградена со златен медал за висок квалитет од страна на жирито на интернационалниот натпревар на вина и жестоки пијалаци „Винарија 2014“ што се одржа во Пловдив, Бугарија.

Златниот медал за жолтата VS ракија на ВВ „Тиквеш“ и е доделен во категоријата гроздови ракии стари над 3 години, во конкуренција на 400 брендови од 51 производители од бројни земји.

Жолтата ракија со ознака VS на ВВ „Тиквеш“ по многу нејзини карактеристики е уникатен жесток пијалак кој се произведува на природен начин, од висококвалитетен гроздов дестилат стареен во дабови буриња повеќе од 5 години. За разлика од останатите традиционални ракии присутни на македонскиот пазар, кои се со јачина околу 40%, кај VS таа изнесува 45%, што претсавува уште една уникатна карактерситика на овој висококвалитетен жесток пијалок.

„Ова е голема чест и признание за овој наш уникатен бренд и тоа од меѓународен натпревар на кој учествуваме за првпат. Оваа специјална жолта ракија е совршена комбинација од најдобрата македонска традиција, огромното знаење и искуство на „Тиквеш“ и современите светски трендови и вкусови, што придонесува таа да биде ставена во иста категорија како некои француски коњаци, италијанската грапа или англиското бренди“, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер на „Тиквеш“.  

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар