25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMars ќе произведува и храна за миленици

Mars ќе произведува и храна за миленици

mars-incorporated-office

Американската прехрамбена компанија „Mars“ ќе ги преземе активностите во секторот за храна за животни од козметичката компанија „Procter & Gamble“ за 2,9 милијарди долари.

Оваа операција, која ќе биде извршена во готовина, не се однесува на активностите на тој сектор од компанијата „Procter & Gamble“ во земјите на Европската унија, се прецизира во соопштението на „Mars“, пренесува агенцијата Монд.

Како што е наведенo, пазарот за храна за домашни миленици постојано растe. Во минатата година тој на глобално ниво вредел околу 74,5 милијарди долари (54 милијарди евра), според истражувањето на Еуромонитор.

Продажбата на храна за домашни миленици е помалку осетлива на економската криза, на големо задоволство на производителите.

Според проценките на експертите од Еуромонитор, продажбата на овие намирници ќе продолжи да растe во ритам од шест проценти годишно и за пет години ќе достигне годишна вредност од 100 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП