27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord го претстави луксузниот S-MAX Vignale (фото)

Ford го претстави луксузниот S-MAX Vignale (фото)

ford s max vignale

Студијата „S-MAX Vignale“ e луксузна верзија на концептот „S-MAX“ кој беше прикажан во Франкфурт во 2013-та година. Иако станува збор за уште едно концептно возило, „Ford“ открива дека „S-MAX Vignale“ ќе добие продукциска верзија, можеби веќе во 2015-та година.

„Ford“ за промоција на ова возило ја одбра манифестацијата „Недела на дизајнот“ во Милано, што и не е за чудење со оглед дека на „S-MAX Vignale“ големо внимание е посветено на дизајнот.

ford s max vignale1

Автомобилот е заснован на концептот „S-MAX“ од 2013-та, а од тоа возило се разликува по различната, ексклузивна маска на ладилникот, единствените 21-инчни алуминиумски бандажи и неколкуте украсни детали од алуминиум.

Во внатрешноста на концептот се употребени квалитетни кожни материјали, како на седиштата, така и на другите елементи од ентериерот, како командната табла, вратите и централната конзола.

ford s max vignale2

„Ford S-MAX“ не е единствениот модел на оваа компанија кој ќе добие луксузна „Vignale“ верзија. Пред него во продажба во 2015-та ќе се појави и „Ford Mondeo Vignale“.

Што се однесува до стандардната верзија на новата генерација на моделот „Mondeo“, таа по значителното доцнење, на европскиот пазар ќе пристигне во втората половина од 2014-та година.

ford s max vignale3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП