12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRBS именуваше нов финансиски директор

RBS именуваше нов финансиски директор

RBS_137

Британската банка, „The Royal Bank of Scotland“ денеска го именуваше Ивен Стивенсон, инвестициски банкар од банката „Credit Suisse“ за нов финансиски директор на „RBS“.

Стивенсон, кој моментално е ко-директор на одделението на „Credit Suisse“ за инвеститициско банкарство на територијата на Европа, Блискиот исток и Африка, би требало на 19-ти мај да се придружи на одборот на „RBS“, се наведува во соопштението на банката, а пренесуваат светските медиуми.

„Во последните неколку години, Стивенсон беше еден од најдоверливите советници на владата и компаниските одбори во нивното настојување да ја повратат довербата во финансиските институции по кризата“, изјави Извршниот директор на „RBS“, Рос Мекиван.

47-годишниот Стивенсон, кој е роден во Британија, порасна и се школуваше во Нов Зеланд, ја советуваше британската влада при спасувањето на „RBS“. Оваа банка од декември бара нов финансиски директор, откако Нејтан Босток поднесе оставка на оваа функција за да ја превземе функцијата на Извршен директор на британската филијала на шпанската банка „Banco Santander“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП