5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОКТА преку програма за практиканти нуди нови знаења и можност за вработување

ОКТА преку програма за практиканти нуди нови знаења и можност за вработување

okta134

Студенти од осум факултети ќе бидат дел од програмата за практиканти на ОКТА чија цел е да им се понуди искуство со кое ќе станат целосно подготвени за почнување професионална кариера.

– ОКТА е голема компанија активна во многу деловни полиња. Во состојба сме на нашите практиканти да им понудиме единствено знаење и искуство кои ќе им користи при почнувањето сопствена кариера. Оваа пракса ќе придонесе за нивниот развој и градењето самодоверба. Во исто време, програмата ќе и овозможи на ОКТА да се сретне со мноштво свежи и иновативни идеи од младите луѓе и ќе ни даде можност полесно да ги идентификуваме кандидатите кои би и се придружиле на нашата компанија на неодреден период, изјави генералниот менаџер на компанијата Виктор Папаконстантину.

Практикантите ќе бидат ангажирани во текот на целото работно време во различни оперативни сектори на компанијата. ОКТА ќе им исплаќа награда, а ќе им обезбеди превоз и храна за времетраењето на праксата.

– Свесни сме за моментната економска ситуација во државата и општо во регионот, како и за фактот дека повеќе од половина млади луѓе се уште се невработени. Поради тоа, сакаме да им помогнеме на квалитетните кандидати да бидат поконкурентни на пазарот на труд со искуство стекнато во компанија како што е ОКТА бидејќи само мотивирани млади луѓе можат да донесат нови перспективи и креативни решенија, рече Радојка Хелман Денковска, менаџер во секторот за општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

Студентите кои се дел од програма се во завршна година на студии или магистранти, а се избираа од Економскиот, Правниот, Електротехничкиот, Природно математичкиот (отсекот хемија) и Градежниот факултет, сите при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, како и приватните, Универзитетот Американ Колеџ и Универзитетот на Југоисточна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП