27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИсториско вложување на Vodafone

Историско вложување на Vodafone

vodafone vb

Британската компанија „Vodafonе“ во оваа година ќе отвори дури 150 нови продавници во кои ќе вработи 1.400 работници.

Инвестициите на оваа компанија во Велика Британија во 2014-та година ќе достигнат милијарда фунти, највеќе во историјата на „Vodafonе“, објави „BBС“.

Како што се наведува, парите делимично ќе бидат потрошени на зголемување на внатрешната и надворешната покриеност и превземањето на „2G“, „3G“ и „4G“ услугите до ниво од 98 проценти во Велика Британија.

Првата продавница ќе биде отворена во лондонскиот „Нотинг Хил“, а портпаролот на „Vodafonе“ вели дека компанијата верува во силен напредок во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП