2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVIZIV 2 е можен наследник на моделот Subaru Tribeca

VIZIV 2 е можен наследник на моделот Subaru Tribeca

koncept subaru viziv 2

Концептното „SUV“ возило со ознаката „VIZIV 2“, кое „Subaru“ го претстави на женевскиот авто-саем во 2014-та, би можел да послужи како основа за наследникот на веќе непостоечкиот модел „Tribeca“.

Кога „Subaru“ кон крајот на 2013-та година ја формализираше одлуката дека поради малата побарувачка ќе престане да го произведува својот најголем „SUV“ модел, овој производител најави наследник во тој сегмент.

Според пишувањето на одредени медиуми, новиот „SUV“ би требало да биде дизајниран во склад со стилскиот јазик кој „Subaru“ го примени на концептот „VIZIV 2“. Сепак, треба да се очекува компанијата значително да ги намали футуристичките линии на концептот, поради функционалноста на возилото и пониските трошоци.

Продукцискиот модел би бил со поголеми димензии и би имал дизел-електричен хибриден погонски систем кој се состои од 2.0-литарски мотор и три електромотори. Првиот електричен мотор би се наоѓал на предната осовина, додека останатите два ќе ги придвижуваат задните тркала од автомобилот.

Од „Subaru“ најверојатно во развојот на овој систем ја користеле технологијата на компанијата „Toyota“, со која соработуваа на моделите „Subaru BRZ“ / „Toyota GT86“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП