
Компанијата „Ugur Sahin Design“ го престави својот нов концепт, наречен „Project F“.


Компанијата „Ugur Sahin Design“ го престави својот нов концепт, наречен „Project F“.
Базиран на „Ferrari 458 Italiа“, „Project F“ има многу впечатлив дизајн кој само според неколку елементи е сличен на споменатиот модел.

На возилото напред се наоѓа агресивна предна маска со интегрирани „LED“ дневни светла. На задниот дел од автомобилот може да се забележат големите браници и профил кој потсетува на возилата на „Koenigsegg“.
Меѓу другите впечатливи детали се панорамското ветробранско стакло, „лебдечкиот“ покрив и атрактивната хауба. Тука се и тркалата од алуминиумска легура и агресивниот заден дифузор со интегриран издувен систем со четири цевки.

Засега не е познато дали овој концепт ќе влезе во сериско производство, но сепак останува да се види како на него ќе реагира пошироката публика.