7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуис и Торес си заминуваат од Челзи!?

Луис и Торес си заминуваат од Челзи!?

Fernando Torres David Luiz

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо може во текот на летото да се раздели со Давид Луис и Фернандо Торес, бидејќи „Специјалниот“ планира да направи сериозни промени во тимот, но не сака да го нарушува финансискиот ферплеј, пишува англиското издание „Мирор“.

Бразилецот Луис се претстави во исклучително слабо светло при гостувањето кај Кристал Палас, но во англиските медиуми постојано се зборува дека Португалецот воопшто не е задоволен од неговата презентација како целина.

Тренерот на „сините“ се надева дека Бразилецот ќе му донесе добри пари, кои ќе може да користи за нови играчи, а најверојатно неговата продажба ќе се случи по Мундијалот.

Ако Луис се претстави во добро светло на светското првенство, тогаш логично неговата цена значително ќе порасне. Неговата татковина е домаќин на Светското првенство и е фаворит според обложувалниците за трофејот.

Луис премина во Челзи од редовите на Бенфика во 2011-та година за сума од 21 милион фунти и се води за миленик на Роман Абрамович, но сепак изгледа неговите денови на „Стемфорд Бриџ“ се изброени.

Друг фудбалер, кој најверојатно ќе го напушти клубот во текот на летото, е Фернандо Торес. Напаѓачот се наоѓа во слаба форма во оваа сезона, има само 3 гола во 13 натпревари од почетокот на годината.

Неговата голема плата од 170 илјади фунти неделно е главниот проблем да му најде нов тим, но во текот на летото за Шпанецот едвај ќе има прошка.

Во меѓувреме Мурињо сака да по секоја цена да ја доведе „гол-машината“ на Атлетико Мадрид Диего Коста, кој има прекрасна сезона во Примера дивизион. Бразилецот е проценет на 45 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП