30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе најавува автомобил со 2.000 КЅ!

Се најавува автомобил со 2.000 КЅ!

tsc car

Непознатиот американски производител на автомобили, „Trion SuperCars“ (TSC), соопшти дека веќе започнале со развој на супер-спортскиот модел „Nemesis“. Веста за уште едно спортско возило би поминала незабележано, доколку од„TSC“ не најавија дека „Nemesis“ ќе има мотор кој ќе произведува преку 2.000 „коња“.

Благодарејќи на моделите како што се „Bugatti Veyron“ или „Koenigsegg One:1“, веќе и не е вест дека некој супер-спортски автомобил располага со илјада коњски сили.

И додека многумина од нас се прашуваат на кого надвор од тркачките патеки му е потребен автомобил со толкава моќ, границата уште една е подигната. Овој пат се огласи новата, досега непозната авто-компанија „TSC“, која е основана во 2012-та година во Калифорнија.

tsc car1

За еден нов производител на автомобили, на кој „Nemesis“ ќе им биде прв модел, „TSC“ има многу амбициозни планови. Како што пишуваат во нивното соопштение, овој суперавтомобил ќе има „V8 twin-turbo“ мотор со „повеќе од 2.000 ks“.

Моќта ќе се пренесува на тркалата преку осумстепен секвенцијален менувач, автомобилот ќе биде во можност од 0 дo 96 km/h (0-60 милји на час) да забрза за 2.8 секунди и да ја достигне максималната брзина од 450 km/h.

„Nemesis“ ќе има каросерија од јаглеродни влакна и активни аеродинамички елементи, додека каросеријата ќе биде изработена од легура на никел и хром.

tsc car2

„Основното мото на компанијата е да произведува автомобили кои се дизајнирани за возење, а не луѓето да им се восхитуваат и обожуваат“, објаснуваат од калифорнискиот производител.

„TSC“ ќе соработува во развојот на моделот „Nemesis“ со компанијата „n2a Motors“, која ќе биде задолжена за изработка на каросеријата и ентериерот, а првиот прототип би требало да биде завршен до крајот на април.

Иако „Nemesis“ на прикажаните компјутерски скици изгледа интересно, останува да се види дали американскиот производител во пракса ќе успее да ги реалзира своите планови и да го исполни тоа што е ветено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП