28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSwatch очекува добра година

Swatch очекува добра година

swatchnc2u3y89r4[yt4hgt

По рекордната 2013 година, швајцарскиот производител на часовници „Swatch“ очекува во оваа година раст на приходите од пет до десет проценти.

Меѓутоа, ефектите од девизните курсеви ќе ги намалат приходите за 400 до 500 милиони франци, изјавија од компанијата.

Во минатата година оваа групација оствари рекорден профит од 1,93 милијарди франци, што беше раст од 20,2 проценти на годишно ниво, додека приходите изнесуваа 8,82 милијарди, со раст од 8,3 проценти во однос на 2012 година.

Што се однесува на регионалната продажба, силната побарувачка и понатаму се бележи во САД, на Блискиот Исток и Кина.

Што се однесува на вработувањата, „Swatch“ планира во 2014 година да отвори голем број на нови работни места, а менаџментот потсетува дека таа бројка во 2013 година изнесувала 900 нови работни места само во Швајцарија, така што бројот на вработени во светот се зголеми на 33,600.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП