Доколку екипата на ПСЖ оваа година успее да триумфира во Лигата на Шампионите, секој играч на „светците“ ќе добие премија од 1 милион евра, пишува во денешниот број на најголемиот француски спортски весник „Екип“.

„Вредноста на премиите која е ветена за оваа година на играчите, ја покажува намерата на „Катар Спортс Инвестмент“ да се искачат на врвот на фудбалска Европа. Па доколку станат победници во финалето на 24-ти мај во Лисабон, фудбалерите на ПСЖ ќе добијат индивидуална премија од 1 милион евра“, пишува „Екип“.
„Златан Ибрахимовиќ го договори овој бонус со Насер Ал-Кхелаифи, претседателот, кој редовно се консултира со Швеѓанецот за различни нешта“, дополнува весникот.
„Досега најголемата премија, исплатена од клуб на играчи е 800.000 евра. Токму оваа сума ја добија фудбалерите на Баерн Минхен во минатата година, но оваа сума е за сите успеси – Лигата на шампиони, Првенството и Купот на Германија“, прецизира „Екип“.
За споредба Реал Мадрид ќе им плати по 500.000 евра на своите играчите ако ја освојат десетата титула на европски шампион“, дополнува „Екип“.