27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Agricole очекува профит од 4 милијарди евра

Credit Agricole очекува профит од 4 милијарди евра

creditagricolen892gp98g8g2

Француската банка „Credit Agricole“ го утврди стратешкиот план за наредните три години, според коj во 2016 година би требало да оствари повеќе од 4 милијарди евра нето профит.

Предвидувањата на банката се дека во оваа година ќе оствари 2,5 милијарди евра.

Овој план става акцент на секторот за штедење и осигурување, со давање на приоритет на интерниот раст. Предвиден е и раст на солвентноста со зајакнување на сопствените фондови на ниво на групацијата, пренесува францускиот весник Капитал.

Банката предвидува раст на БДП во еврозоната од еден процент во 2014 година, 1,2 проценти во 2015 година и еден процент во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП