ПочетнаИНТЕРЕСНОТројца играчи потпишаа нови договори со Арсенал

Тројца играчи потпишаа нови договори со Арсенал

remzi kazorla

Тројца играчи денеска потпишаа нови договори со Арсенал. Тоа се Арон Ремзи, Санти Касорла и Гедион Селалем.

Од клубот засега не прецизираат за колку време се продолжени договорите на тројцата. Сепак станува збор за долгорочно поврзување, а за Селалем ова е прв професионален договор.

„Многу сум среќен, поради тоа што тројцата одлучија уште долго да останат во клубот, а Касорла и Ремзи се клучни играчи за нас. Гедион е многу млад, но иднината е пред него и се радувам, дека таа е поврзана со Арсенал“, изјави менаџерот Арсен Венгер за официјалниот сајт на клубот.

Ремзи и Касорла исто така ги коментираа новите договори. Младиот Велшанецот објави:

„Шест години сум тука и не можам да се замислам да сум на друго место. Оваа сезона сите гледаат дека одиме во вистинска насока и сакам да продолжиме така“, изјави Ремзи.

„Откако дојдов во Арсенал сум исклучително среќен и затоа се радувам дека ќе останам уште тука. Имав одлични моменти, но верувам дека претстојат уште поубави“, вели Санти Касорла.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП