26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако самите си го уништуваме имунитетот?

Како самите си го уништуваме имунитетот?

imunitetmx3t-4kh54

Пролетта полека доаѓа, а со неа и можноста за алергии и проблеми со имунитетот, затоа обидете се да го избегнете погрешното однесување….

Имунитетот е важен во жимата, но со доаѓањето на пролетта потребно е да го зајакнете за да се подготви организмот за можните алергии. Но, многу често ние самите ја влошуваме состојбата на имунитетот со некои секојдневни работи кои ги правиме погрешно.

Да речеме, го прескокнуваме појадокот. Веќе сите знаат дека тоа е најважниот оброк во денот. Освен што ви дава енергија, тој игра голема улога и во општата здравствена состојба. Здравото варење е клуч за имунитетот, бидејќи во цревата се наоѓаат повеќе од 60 проценти од антителата кои се борат против инфекциите.

Вежбањето го зајакнува имунолошкиот систем исфрлајќи ги бактериите од белите дробови, и на тој начин ја намалува можноста да се разболите, а покрај тоа помага и при подобра циркулација на белите крвни зрнца и антителата низ организмот. Зголемената телесна температура при вежбањето помага во превенцијата на размножувањето на бактериите.

Вреди да им обрнете внимание и на предметите кои можат да насоберат многу бактерии, како што е мобилниот телефон, далечинското, кои всушност имаат повеќе бактерии од wc школката, како и работното биро, тастатурата, кваките, апаратите…. мијте ги рацете почесто, не опсесивно, туку нормално и доволно, со тоа ќе ја намалите можноста за зараза.

И за крај, смирете го темпераментот, ништо не е вредно за да се нервирате, бурните реакции го зголемуваат нивото на стрес, односно нивото на хормонот кортизол во крвта со што подоцна доаѓа до зголемено ниво на шеќер во крвта. А тоа ја намалува моќта и ефикасноста на имунолошкиот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП