3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗViziv 2 - футуристичкиот модел на Subaru

Viziv 2 – футуристичкиот модел на Subaru

viziv2

Ниту „Subaru“ не дојде во Женева без футуристички модел кој треба да го најави новиот неверојатен подвиг на својата автомобилска компанија. Но моделот „Viziv 2“ не е така далеку од реалниот домет на јапонците.

Навистина името „Viviz2“ звучи како да е од друга планета, но во „Subaru“ велат дека името значи „визија за иновации“.

Бројот „2“ стои од причина што јапонскиот производител веќе имаше концепт со името „Viziv“ на минатогодишниот саем во Женева. Моделот со дополнителниот број „2“ многу потсетува на „Subaru Legacy“, како и на неодамна претствениот „WRX STI“.

viziv21

За разлика од концептите на некои други компании, „Viziv 2“ e доста функционален. Под хаубата се крие 1.6-литарски дизел мотор, кој моќта ја испорачува на сите четитри тркала.

„Subaru“ долго време се држеше настрана од хибридите, но со овој модел се испробаа и во таа комбинација. Иако ова им е прв хибриден модел, тие смислиле одлично решение: предните тркала се придвижуваат во комбинација на дизел мотор и еден електричен, додека задните тркала се поврзани со два мотори на струја.

viziv22

Автомобилот ќе ги користи само моторите на струја за возење при помали брзини, додека дизелот е тука да „помага“ кога треба да се вози малку побргу.

И „Subaru“ во својот модел ја вклучи „start/stop“ технологијата која се почесто се смета и како стандардна опрема кај скоро сите нови автомобили. Овој концепт исто така има и „SI-Drive“ систем со кој се контролира работата на електромоторот, кој има „Eco Cruise“ начин на работа.

viziv23

Тука е и „EyeSight“ системот кој врши надзор на патот и испраќа сигнали до моторот за да ја намали излезната моќ, а со тоа би се заштедила употребата на енергија.

Единствена работа која сигурно нема да ја има на продукцискиот модел се предните и задните врати кои се отвораат многу поразлично од стандардните врати на кои сме навикнати. Исто така се очекува во продажниот модел да има повеќе место во багажникот од концептниот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП