
„Maserati“ во Женева пристигна со новиот концепт кој е заснован на моделот „GranTurismo MC Stradale“, но со скратено меѓуосовинско растојание. Се шпекулира дека овој концепт ќе биде најава на новиот, основен модел во гамата на „Maserati“.


„Maserati“ во Женева пристигна со новиот концепт кој е заснован на моделот „GranTurismo MC Stradale“, но со скратено меѓуосовинско растојание. Се шпекулира дека овој концепт ќе биде најава на новиот, основен модел во гамата на „Maserati“.
„Maserati Alfieri“ e спортско купе со конфигурација на седишта 2+2 и 24 cm пократко растојание помеѓу осовината во однос на моделот „GranTurismo MC Stradale“.

Автомобилот е долг 4.590 mm, широк 1.930 mm, a висок 1.280 mm. Меѓуосовинското растојание изнесува 2.700 mm. Oпремен е со 20-инчни алуминиумски бандажи напред и 21-инчни позади.
Во „Maserati“ велат дека дизајнот е инспириран од класичните модели на овој производител, како што се „3500 GT“ од 1957-та и „5000 GT“ од 1959-та година.

Позади задните седишта е просторот за багаж и кој е поврзан со кабината, а со кожа покрај седиштата се обложени и делови на вратите, инструмент таблата и централната конзола.
Делови од воланот, рачката на менувачот и ножните педали се изработени од алуминиум.
Покрај дигиталната инструмент табла, на врвот на централната конзола се наоѓа уште еден дисплеј кој е во функција на мултимедијалниот систем.

Моторот е 4.7-литарски V8 со 466 ks (343 kW), кој развива 7.000 o/min и максималнен вртежен момент од 520 Nm, достапен веќе при 4.750 вртежи.
Моќта се пренесува на тркалата со помош на шестстепен автоматски „MC Shift“ менувач и диференцијал со ограничено пролизгување. За безбедно сопирање задолжени се сопирачките со керамички дискови кои се превземени од „GranTurismo MC Stradale“.