7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата на Бафет забележа рекорден профит

Компанијата на Бафет забележа рекорден профит

companies-berkshire-hathaway_485x340

Инвестициската компанија „Berkshire Hathaway“ на американскиот милијардер Ворен Бафет, забележа рекорден профит во 2013-та година, пренесува „BBC“.

„Berkshire Hathaway“ заработи 19.5 милијарди долари во минатата година, за разлика од 2012-та кога заработи 14.8 милијарди долари.

„На оперативно поле се излезе добро за нас во минатата година, во некои случаи и многу добро“, изјави Бафет пред акционерите.

Од друга страна, компанијата забележа лош резултат на „S&P 500“ индексот на акција, и тоа петта година поред. Растот на сметководствената вредност на компанијата во минатата година изнесуваше 18.2 проценти, додека „S&P 500“ индексот порасна за 32,4%. Бафет, меѓутоа, вели дека таквиот резултат е очекуван кога „S&P“ бележи одлични резултати.

„Berkshire Hathaway“ минатата година го зголеми својот удел во „Сoсa-Сolа“, „Ameriсаn Eхpresѕ“, „IBM“ и „Wells Fargo“, а го намали уделот во британскиот малопродажен ланец „Tesсo“, и тоа од 5,2% нa 3,7%.

Бафет признава дека погрешил кај некои одлуки за инвестирање во некои компании кои имале многу мали приходи.

„Не бев во заблуда, едноставно погрешив во проценката на економската динамика на компаниите или индустриските гранки во кои таа компанија работи“, вели Бафет.

„За среќа, моите грешки најчесто се однесуваа на релативно малите аквизиции. Нашите големи инвестиции главно забележаа добар резултат, а во некои случаи, дури и подобри од предвиденото. Сепак, се уште не сум ја направил последната грешка во купување на компании или акции. Нормално секогаш не излегува како што сме планирале“, порачува тој.

Ворен Бафет е рангиран на четвртото место на листата на најбогати луѓе во светот која ја прави магазинот „Forbеs“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП