13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAviva назначи нов финансиски директор

Aviva назначи нов финансиски директор

Aviva_Lead

Британската осигурителна компанија „Aviva Plc“ објави дека извршниот директор на „Blackstone Group LP“, Том Стодард ќе ја преземе функцијата на главен финансиски директор, откако претходниот финансиски директор одлучи да ја напушти компанијата.

Стодард ќе ја преземе функцијата на 5-ти мај, се вели во соопштението на осигурителната компанија. Тој е корпоративниот консултант на „Aviva“ од почетокот на 2013-та година.

Назначувањето на Стодард доаѓа откако минатиот месец Пат Ригон ја напушти функцијата финансиски директор, за да преземе слична позиција во компанијата со седиште во Сиднеј, „QBE Insurance Group Ltd“.

Ригон ќе се откаже 1,3-те милиони акции на „Aviva“, кои требаше да ги добие, се вели во одделна изјава на осигурителната компанија. Тој исто така ќе се откаже од правото на дополнителни 254.441 акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП