7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемите превземања на Facebook

Најголемите превземања на Facebook

Buying-Facebook-Likes

Откако „Facebook“ го купи „WhatsАpp“ на интернет врие од шпекулации за тоа какви се плановите и до каде може да стигне компанијата на Марк Цукреберг. Откако е основана, „Facebook“ има стекнато над 40 помали компании. Цените на некои трансакции се познати, а за други нема информации.

Видете кои се 5-те најголеми превземања извршени од „Facebook“ до сега:

5. „Face.com“ – 60 милиони долари.

Компанијата е купена во јуни 2012-та година. Таа е основана во 2009-та година и со седиште во Тел Авив, по што се пресели во Калифорнија и има само 10 вработени. Откако беше купена има создено две апликации и тоа, „Facebook Photo Tagger“ и „Photo Finder“. Првата ви помага да тагнувате лица на фотографиите, а втората им помага на луѓето да ги погледнат на интерент своите фотографии, за кои не знаат дека постојат, а потоа им дава можност да се тагнат. Можеби Вашиот партнер има поставено некаде ваша слика? „Photo Finder“ ќе ви помогне да дознаете.

4. „Atlas“ – 100 милиони долари.

Оваа трансакција е направена во 2013-та година за „околу 100 милиони долари“. „Atlas“ собира информации за тоа што прават луѓето откако ќе видат даден оглас – дали веднаш влегуваат во страницата на компанијата, дали влегуваат по еден ден, прават ли нарачка и кога го прават тоа. Компанијата снима информации, дури и ако само сте додале даден производ во количката, но не сте го купиле. Она што „Facebook“ е заинтересиран, е технологијата на тоа следење и правата за користење на оваа технологија.

3. „Onavo“ – 150-200 милиони долари.

Ова е уште една израелска компанија со канцеларии во Тел Авив и Калифорнија. Основната нејзиниот активност е бизнис анализи за креатори на мобилни апликации, со што се покажува нивото на продуктивност на нивните производи и споредба со оние на конкурентите. Во „Facebook“ проценија дека е подобро да се купи целата компанија за 200 милиони долари, отколку да создава и развива конкурентен софтвер. Компанијата е позната по три апликации: „Extend“, „Count“ и „Protect“, а и трите се нудат бесплатно.

2. „Instagram“ – 1 милијарди долари.

Во пролетта 2012-та година стана јасно дека „Facebook“ го купува помладиот конкурент за 1 милијарда долари. Во тоа време, иако беше супер популарен, не се сметаше дека „Instagram“ е во вредност од 1 милијарда долари. Зошто „Facebook“ потроши толку многу пари? Според анализата на магазинот „Forbes“ има неколку причини за ова. Една од нив е дека се однесува само за слики и „Instagram“ е најдобрата платформа за тоа, како и тоа што им овозможи на корисниците да си играат со кадрите – нешто што не можат да го прават на „Facebook“. Друга причина е дека со купување на сајтот, „Facebook“ има повеќе податоци и информации за тоа што им се допаѓа на корисниците и соодветно таргетирање на производи.

1. „WhatsApp“ – 19 милијарди долари.

Ова е најголемата придобивка во технолошкиот свет досега. Компанијата со 55 лица персонал беше купена за 19 милијарди долари. Таа е основана во 2009-та година во Калифорнија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП