26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛавеци се враќа во Наполи?

Лавеци се враќа во Наполи?

laveci600

Напаѓачот на ПСЖ може многу лесно налето да се врати во својот стар клуб, затоа што во француската лига не се прилагоди најдобро.

Езекијел Лавеци во екипата на ПСЖ дојде во 2012-та година, но не се прилагоди на животот во Франција и играњето во Лига 1. Аргентинскиот напаѓач и претходно изјавуваше дека би сакал да ја напушти екипата на Лоран Блан.

Во екипата на францускиот шампион се задоволни од напаѓачкиот тандем кој го имаат, Ибрахимовиќ и Кавани, па заминувањето на Лавеци во летниот преоден рок би било реална опција.

Многу се говореше за тоа дека за неговите услуги се заинтересирани клубови од „Островот“, но сепак се верува дека Наполи е тој кој е најблиску до потписот на Лавеци.

Иако засега нема конкретни преговори со претседателот на Наполи, но Де Лаурентис е тој кој го најави потенцијалниот трансфер.

„Дали е можно Лавеци да се врати во клубот? Тоа зависи од нашиот тренер. Доколку Рафа инсистира за негово доаѓање, тогаш можеби и Лавеци ќе се врати. Но засега преговори нема“, вели Де Лаурентис.

Лавеци за италијанскиот клуб настапуваше 5 сезони и благодарејќи на одличните настапи стана миленик на навивачите. Сигурно тие со раширени раце би го дочекале назад во клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП