8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСоработка меѓу Ericsson и Cienа

Соработка меѓу Ericsson и Cienа

ericsson ciena

Компанијата „Ericsson“ склучи договор со производителот „Cienа“ кој е поврзан со развојот на заеднички решенија за транспортната мрежа темелена на „IP“ и oптичките технологии.

Имено, „Ericsson“ е водечки производител на телекомуникациска опрема за мобилните мрежи, но значително е лош во продажбата за решенија за „IP“ транспортната мрежа. Низ соработката со „Cienа“, „Ericsson“ посакува во наредните неколку години да се пробие на третото место меѓу производителите на опрема за „IP“ мрежа.

Според постигнатиот договор „Ericsson“ во својата понуда ќе ги вклучи и уредите на „Cienа“ од производната линија „Converged Packet Optical“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП