3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на GM понизок од очекуваниот

Профитот на GM понизок од очекуваниот

gm motoris

Профитот на американскиот производител на автомобили „General Motors“, во четвртиот квартал пораснал за 2 проценти на годишно ниво, но и потфрли во однос на очекувањата на Волстрит.

Компанијата во последното минатогодишно тромесечје заработила 913 милиони долари, односно 57 центи по акција, пред се благодарение на успешните резултати во Северна Америка, во однос на 982 милиони долари, односно 54 центи по акција во истиот период во 2012 година, пренесува агенцијата АП.

Приходите истовремено пораснале за три проценти на 40,5 милијарди долари. Не сметајќи ги еднократните трошоци од 200 милиони долари, „GM“ заработил 67 центи по акција, но аналитичарите кои учествувале во анкетата на агенцијата „FaktSet“ очекувале профит од 88 центи по акција и приходи од 40,8 милијарди долари.

Профитот на компанијата во целата 2013 година е намален за 22 проценти на 3,8 милијарди долари, односно 2,38 долари по акција. Не сметајќи ги еднократните трошоци, профитот изнесувал 3,18 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП