15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера на новиот Subaru Legacy (фото+видео)

Светска премиера на новиот Subaru Legacy (фото+видео)

Subaru-Legacy-00

„Subaru“ минатата недела објави неколку слики од новата генерација на моделот „Legacy“, со најава на светска премиера на 6-ти февруари на саемот за автомобили во Чикаго. Тоа и се случи, но изненадувањето не успеа, затоа што пред неколку дена во јавноста се појавија првите фотографии од овој автомобил.

Subaru-Legacy-01

„Subaru“ новиот „Legacy“ го најавува како спортски и модерен седан, но во поглед на изгледот не донесе некое изненадување. Навистина е штета што новиот „Legacy“ не го превзема дизајнот на атрактивниот „Legacy Concept“ кој беше претсавен во ноември минатата година на саемот во Лос Анџелес.

Накратко, новиот „Legacy“ на американскиот пазар ќе го придвижува 2.5-литарски четирицилиндричен мотор со 175KS и 3.6-литарски шестцилиндричен агрегат со 256KS (и двата стандардно ќе бидат поврзани со автоматска трансмисија и погон на сите четири тркала). Јапонците истакнуваат дека потрошувачката на гориво е намалена во однос на стариот модел, при што истакнуваат дека кај агрегатот од 3.6L, потрошувачката изнесува најмалку 10 проценти.

Во Европа најверојатно треба да се очекува и 2.0-литарски дизел мотор со 150KS.

Subaru-Legacy-02

Што се однесува до димензиите, новиот „Legacy“ е за 41 mm подолг од претходно (сега 4795 mm), меѓуосовинското растојание останало исто (2751 mm), додека зафатнината на багажникот е зголемена од 416 нa 425 литри.

Од фабриката ветуваат и пространа внатрешност со квалитетни материјали и подобрен комфор, како и подобра звучна изолација и значително подобрен инфо-систем со 6.2 или 7.0 инчни мултифункционални екрани.

Subaru-Legacy-03

Тука е и подобреното управување, најновата верзија на „EyeSight“ системот на „Subaru“, како и системите „Blind Spot Detection“, „Lane Change Assist“ и „Rear Cross Traffic Alert“.

„Subaru“ новиот „Legacy“ во САД ќе започне да го продава во текот на летото и тоа со три пакети на опрема: „Standard“, „Premium“ и „Limited“.

Subaru-Legacy-04

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП