Друштвената мрежа „Twitter“ извести дека во минатата година работела со нето-загуба од 645 милиони долари, само три месеци по почетната јавна понуда на акции на њујоршката берза.
Приходите пак се повеќе од дуплирани на 665 милиони долари. Само во последните три месеци од 2013-та нето-загубата на „Twitter“ изнесувала 511 милиони долари, но приходите исто така били зголемени на 243 милиони долари.
Инвеститорите ги загрижува бавниот раст на бројот на корисници. „Twitter“ во последните три месеци од 2013-та во просек имала по 241 милиони корисници месечно, само 3.8 проценти повеќе отколку во претходните три месеци.
На почетокот на минатата година бројот на корисници во просек се зголемувал за 10 проценти месечно.
„Извештаите го наметнуваат прашањето дали „Twitter“ е навистина етаблирана платформа“, изјави Арвин Бхатиа, аналитичар на „Sterne, Elin & Leachu“.
Акциите на „Twitter“ ја дуплираа својата вредност од почетната јавна понуда на „Wall Street“ во ноември 2013-та, кога вредноста на компанијата се проценуваше на околу 18 милијарди долари.
Мислењата сега се поделени за тоа дали „Twitter“ навистина може да им донесе заработка на инвеститорите.