27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус ja започна операцијата "Обновување на договори"

Јувентус ja започна операцијата “Обновување на договори”

juve igraci

Започна големата операција за обновување на договорите на клучните играчи во редовите на шампионот и лидер во Серија А, Јувентус.

Спортскиот директор Бепе Марота започна серија средби со играчите чии договори наскоро истекуваат. Приоритет пред него е продолжување на престојот на славниот ветеран, Андреа Пирло, чиј договор истекува во летото. Тој веќе има принципиелен договор за нови две сезони, а неговата плата ќе биде зголемена на околу 4 милиони евра годишно.

Целата е носителите на одбраната на „бјанконерите“ исто така да добијат нови договори. Се очекува Андреа Бардзали, Џорџо Киелини и Стефан Лихтштајнер да предодпишат исто така за нови две сезони. Размислува и за нов предлог за Себастијан Џовинко.

Откако ќе ги заврши овие задачи, Марота ќе се насочи кон најважното. А тоа е, задржувањето на француската ѕвезда Пол Погба, како и тренерот Антонио Конте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП