3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДојче Телеком сака да ја преземе Словенија Телеком

Дојче Телеком сака да ја преземе Словенија Телеком

deutschetelekom1huhthy

Германската телекомуникациска компанија „Дојче Телеком“ сака да ја преземе компанијата „Словенија Телеком“, потврдија за весникот „Ханделшблат“ извори од владините кругови на Словенија.

Официјални реакции од „Дојче Телеком“ сеуште нема, но експертите во секторот за телокомуникации оценуваат дека оваа можност е реална. „Дојче Телеком“ со сите свои ќерки-компании е присутен кај речиси сите соседи на Словенија, јавува агенцијата Франс прес.

Продажната цена се проценува на околу 700 милиони евра. Меѓутоа, според пишувањето на германскоиот весник, „Дојче Телеком“ не е единствениот кој е заинтересиран за преземање на словенечкиот оператор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП