27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft забележа рекордни приходи во последниот квартал од 2013-та

Microsoft забележа рекордни приходи во последниот квартал од 2013-та

microsoft rast prihod

Компанијата „Microsoft“ во последниот квартал на 2013-та година генерирала приходи со вкупна вредност од 24.52 милијарди долари. Постигнувањето се забележува како рекорд од компанијата и ги надмина очекувањата на инвеститорите и аналитичарите од Вол Стрит.

Тоа е еднакво и на раст од 14 проценти на годишна основа. Нето приходот на „Microsoft“ изнесуваат 6.56 милијарди, бруто маржа пак е 16.24 милијарди долари.

Речиси сите поделби на „Microsoft“ исто така запишуваа раст. Приходите од таблетите „Surface“ достигнаа до 893 милиони долари, спрема 400 милиони во претходните три месеци. Вкупно одделот за уреди на „Microsoft“ забележа раст од 13% и приходи во вредност од 11.91 милијарди долари.

Пад забележа „Windows OEM“ сегментот. Тој е намален за 3% за сметка на раст од 12% на „Windows OEM Pro“. Од компанијата признаваат дека намалувањето на „PC“ пазарот имаше влијание врз претставувањето на оперативниот систем.

За последните три месеци на 2013-та година „Microsoft“ успеал да продаде 3.9 милиони конзоли „Xbox One“ и 3,5 милиони примероци од претходната генерација „Xbox 360“.

Компанијата е задоволна и од претставувањето на корпоративни услуги. Вкупно овој сегмент бележи од 10% и приходи од 12.67 милијарди во „облак“ услугите, како „Office 365“, „Azure“ и „Dynamics CRM Online“ кои регистрираа скок со 100% на годишна основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП