26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Мариа се најде на списокот на Пелегрини

Ди Мариа се најде на списокот на Пелегрини

AngelDiMaria

Според многумина „граѓаните“ можеби го имаат најсилниот состав во однос на остатокот на тимовите од Премиер лигата, сепак во Сити сакаат ново засилување.

По доаѓањето на Бејл во клубот, аргентинскиот репрезентативец Ангел Ди Мариа падна во втор план кај тренерот Анчелоти.

Поранешниот играч на Бенфика пред почетокот на сезоната изјави дека е спремен да се бори за минутажа, но дека Светското првенство се приближува и се чини дека трпението му е се помало.

Клубот од синиот дел на Манчестер има огромен број на квалитетни играчи на располагање, но како сезонава продолжува во пеколно темпо („граѓаните“ играат натпревари на четири фронта), а повредите се редат (Агуеро, Насри), јасно е дека дополнителен број на играчи во ротацијата никогаш не е премногу.

Како што е веќе познато за „граѓаните“ парите никогаш не се проблем, па поради тоа нема да биде неочекувано доколку наскоро испратат понуда за крилниот напаѓач на Реал Мадрид.

Поранешниот тренер на „кралевите“, а сега менаџер на Сити, Мануел Пелегрини во тимот ги има крилата Силва, Милнер и Навас, како и повредениот Насри.

Доколку Ди Мариа дојде во клубот нема да може да му помогне на тимот во натпреварите од Лигата на шампионите, бидејќи во првиот дел од натпреварувањето настапуваше за Реал Мадрид, но добро ќе дојде за мечевите од Премиер лигата и ФА Купот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП