26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса се откажа од нов стадион ќе се реновира „Ноу Камп“

Барса се откажа од нов стадион ќе се реновира „Ноу Камп“

kamp nou rek

Фудбалскиот клуб Барселона нема да го гради планираниот нов стадион за 1.2 милијарди долари, каква што беше идеата на раководството. Ова го откри градоначалникот на каталонската престолнина Шавиер Тријас. Тој имал разговор со претседателот на Барса, Сандро Росел, кој го информирал дека клубот ја преферира варијантата да се реновира „Ноу Камп“.

„Овој стадион е дел од нашата колективна меморија, тој е најголемиот во Европа. Не сакаме членовите, поддржувачите и симпатизерите на Барса да доживеат огромен финансиски товар, што е неизбежно со проектот за нов стадион. Затоа избравме реконструкција“, објасни претседателот Сандро Росел.

Според прогнозите реконструкцијата на „Ноу Камп“ ќе чини околу 750 милиони долари. Стадионот ќе биде целосно покриен, а не како досега, само 20 проценти од местата се со покрив. Капацитетот на објектот ќе биде зголемен од 98.000 на 105.000 , а освен тоа ќе бидат изградени, Кошаркарска сала и нови ресторани. Работата на проектот треба да започне во 2017-та година и да трае до 2021-ва година, а во тој период нема да има никаква пречка тимот да продолжи да ги игра натпреварите на „Ноу Камп“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП