4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници за поздрава и поубава кожа

Намирници за поздрава и поубава кожа

skin1popo

На телото му треба грижа, но не само однадвор, туку и одвнатре. Ова нормално се однесува и на кожата, а сите препарати за нејзина нега се залудни доколу кожата не се храни квалитетно и одвнатре. Млечните производи, лососот, зелениот чај и водата се само некои од намирниците кои редовно треба да се наоѓаат на вашето мени.

Лосос

На кожата и се потребни есенцијални масни киселини кои највеќе ги има во рибата. Доколку не сте љубител на рибата, надокнадете ги здравите масти со ореви, бадеми, семки или сончоглед.

Зелен чај

Зелениот чај има бројни предности, а посебно влијае на здравјето на кожата, бидејќи содржи полифеноли кои имаат против-воспалителни дејства. Освен ова, помага и во борбата против некои видови тумори. Содржи витамини како Ц, Д и К, но и рибофлавин, цинк, калциум, магнезиум и железо.

Манго

Ова тропско овошје е богато со витамин А кој ги обновува клетките на кожата. Добрата вест е што има само отприлика по 70 калории по плод, па е идеален за сите кои сакаат да изгубат и по некој килограм.

Немасен јогурт

Немасните млечни производи се богати со витаминот А кој прави чуда за нашата кожа. Јогуртот е најдобро решение, бидејќи е добар за варењето, а посебно им се препорачува на оние кои имаат проблем со штитната жлезда или боледуваат од дијабетес.

Свежо сирење

Освен што изобилува со калциум, сирењето содржи и траги на селен и минерали. Селенот ги штити клетките на кожата од оштетувања кои ги предизвикуваат слободните радикали и помага кај сувата кожа. Се наоѓа и во месото, морските плодови, јајцата, печурките и житариците.

Вода

Најдобриот пријател на кожата е хидратацијата, а најдобар избор е обичната вода. Затоа, доколку сакате на кожата да и подарите здрав сјај, пијте барем осум чаши вода дневно.

Топчесто овошје

Боровницата, рибизлите, јагодите и останатите топчести овошја се преполни со антиоксиданси кои се заслужни за убава и здрава кожа. Во менито вметнете ги и шипките, кои изобилуваат со витамин Ц.

Авокадо

Иако ова тропско овошје не е популарно, а не е и баш достапно кај нас, неговите благодети се бројни. Авокадото е богато со витамини Б, есенцијални масти и има против-воспалителни дејства. Помага и при иритација на кожата, црвенила и чешање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП