4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТохир брка осум играчи од Интер и најавува нова ера

Тохир брка осум играчи од Интер и најавува нова ера

tohirim

Дури осумина фудбалери ќе се разделат со Интер на крајот на сезоната, пишува „Тутоспорт“.

Според ова издание „нероазурите“ нема да им понудат продолжување на соработката на некои од најискусните играчи, вклучувајќи ги и Естебан Камбиасо, Кристијан Киву, Диего Милито, Валтер Самуел и други.

На овој начин новиот шеф на 18-кратниот шампион, Ерик Тохир ќе отвори нова страница во клупската историја.

„Од следната сезона почнуваме нова ера“, вели индонезискиот бизнисмен.

Инаку екипата на Интер вчера одигра 1-1 со тимот на Киево и со тоа успеа да се искачи на петата позиција на таблата, заостанувајќи 20 бода зад лидерот Јувентус и 10 поени зад Наполи или последното место кое води во Лигата на шампионите за следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП