4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВип креира навивачка еуфорија за поддршка на македонските ракометари

Вип креира навивачка еуфорија за поддршка на македонските ракометари

aop

Вип продолжува со својата поддршка на македонскиот репрезентативен ракомет. Како официјален партнер на Македонската ракометна федерација и верен пријател на спортот, Вип оператор, заедно со своите корисници, ги испрати нашите репрезентативци на претстојното Европско првенство во Данска, посакувајќи им многу успех.

– Сите ние имаме огромна верба во способностите, енергијата и желбата за победа кај нашите ракометари.  Уверени сме и дека тие ќе дадат се што е во нивна моќ за да го остварат тоа, со што ќе нè направат сите нас во Македонија неизмерно радосни и горди. На нас останува еуфорично да навиваме, покажувајќи ја уште еднаш нашата поддршка, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Випоператор.

voip

Во функција на создавање на вистинска навивачка атмосфера, пред и за време на натпреварите на нашиот тим на претстојниот шампионат, Вип креираше неколку активности. Првата се однесува на корисниците кои на 11-ти јануари и во наредните неколку денаќе купат нова или дополнат кредит на постојната СИМ припеид картичка. На тој начинтие стануваат потенцијални добитници на еден од многубројните пригодни подароци – дресови, топки, картички со потписи од ракометарите и навивачки реквизити, со што се приклучуваат конголемата навивачка дружина што активно ќе ги бодри нашите ракометари. Кон групата верни навивачи на репрезентацијата можат да се приклучат и сите Facebook фанови кои ќе можат да освојат еден од многуте подароци во форма на топки, дресови и навивачки реквизити. Соодветни подароци можат да освојат и радио слушателите кои во периодот од 8-ми до 10-ти јануари, на одредени популарни радио-станици,точно ќе одговорат на прашања поврзани со Европското првенство.

P

Вип е официјален партнер на Ракометната Федерација на Македонија од јануари 2008 година. Тргнувајќи од својата определба да го препознава и наградува успехот кој се темели на натпреварувачки дух и тимска работа, Вип оператор, шеста година по ред, активно ги следи и поддржува активностите на македонските ракометни репрезентации и придонесува за промоцијата на овој популарен екипен спорт во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП