18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСвоч верува во добра 2014-та година

Своч верува во добра 2014-та година

svoccc

Швајцарскиот производител на часовници, Своч Груп, кој е број еден во својот сектор, предвидува солиден раст за тековната година.

Причината за оптимизам кај Швајцарците лежи во податокот дека нивните приходи од продажбата во 2013-та година забележале раст од 9.1 процент, кога ќе се елиминира ефектот од девизните курсеви.

Како што пренесува Ројтерс, бруто-приходите на групацијата во минатата година беа под очекувањата на аналитичарите и со растот од 8.1 процент, тие достигнаа вредност од 8.8 милијарди франци. Неповолниот ефект на валутните курсеви ја намали стапката на раст за 0.8 проценти.

Во соопштението исто така се истакнува дека во 11 месеци во 2013-та година, вредноста на швајцарскиот извоз на часовници била 1.7 проценти поголема, но продажбата во Кина и Хонг Конг се намалила за 6 и 15 проценти.

Со оглед на растечката продажба на сите марки на часовници од почетокот на годината, Своч предвидува солиден раст на ниво на целата 2014-та година и тоа благодарејќи на задоволувачкиот оперативен и нето профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП