27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСилните мириси може да ви го загрозат здравјето

Силните мириси може да ви го загрозат здравјето

parfum1

Парфемите, миризливите свеќи, дезодорансите, освежителните мириси за домот и пресилниот мирис во внатрешноста на автомобилот или мирисот на цигарите на нечија облека за повеќето луѓе претставуваат секојдневие, но има и такви на кои токму овие мириси им создаваат сериозни здравствени проблеми.

Според најновото истражување објавено во научното списание „Annals of Family Medicine“, бројот на луѓе кои страдаат од некој облик на хемиска интолеранција е многу поголем од оној во кој научниците веруваат.

„Некои луѓе имаат непријатни реакции на ниското ниво хемикалии што повеќето од нас воопшто не ги чувствуваат“- вели докторот Дејвид Катерндал, професор на Универзитетот во Тексас.

Хемиската интолеранција се дефинира како моментална реакција на мало ниво хемикалии во опкружувањето.

Во едно истражување направено на 400 личности, резултатите покажале дека 20 проценти од нив имаат некој облик на хемиска интолеранција.

Причините за ова можат да бидат генетски или како резултат на постојана изложеност на ниското ниво хемикалии кои по одреден временски период предизвикуваат интолеранција.

Луѓето кои страдаат од хемиска интолеранција можат да развијат алергии, да имаат напади на паника, да станат депресивни и да почнат со прекумерно консумирање алкохол. Овие личности имаат и поголем ризик од срцеви заболувања, бронхит, астма, мигрена, синузитис и хипотироидизам.

Личностите кои страдаат од хемиска интолеранција треба да ги исфрлат од својот дом сите мирисни производи, винилните завеси од бањите и антибактериските производи, да не ракуваат со средствата за чистење со многу силен мирис. Исто така треба да го избегнуваат секој облик на пластика и хемиски обработена храна, како и да ги исфрлат од употерба парфемите и дезодорансите, во спротивно тие ризикуваат да си го загрозат здравјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП