23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако си ја уништуваме кожата?

Како си ја уништуваме кожата?

kozata558

Еден од поедноставните начини да одредите дали е нешто добро за вас е да ја погледнете вашата кожа. Како најголемиот орган на телото, таа е директен приказ на она што го ставате на себе и во себе.

1. Заборавате да пиете вода

Дехидрацијата е една од најчестите причини кога во прашање е сувата кожа и ситните брчки по телото. Мора да се внесува вода и поради детоксикација на сите органи, а посебно за кожата, која тогаш не е сјајна и ја губи еластичноста. Доколку ви треба дополнителен вкус во водата, можете да додадете сок од лимон кој освежува и дава енергија.

2. Не се движите

На кожата и треба циркулација заради здравиот изглед. Со вежбањето го раздвижувате лимфниот систем што помага во создавање на здрав сјај и обнова на клетките.

3. Пушите

Ништо добро не произлегуваа од таа навика. Со пушењето се уништува природниот колаген што ја чува еластичноста, а истовремено се исцрпуваат и резервите на витаминот Ц.

4. Нездрава исхрана

Исхраната директно влијае на изгледот на кожата. Треба да се избегнува пресолената, масната или преработената храна што произведува вишок на маснотии кои му штетат на добриот изглед. На кожата и се потребни хранливи состојки, витамини, овошје и зеленчук, житарки и млечни производи со намалена масленост. Не треба да се заборават омега 3 масните киселини што ги има во бадемите и маслиновото масло.

5. Не го избегнувате сонцето

Убавиот бронзен тен воопшто не вреди за штетите кои сонцето ги прави на кожата. Изложувањето без заштита го уништува колагенот и еластичноста и е главна причина за создавањето на дамките, брчките и сувата кожа. Исто така, во текот на вашето зимување, не заборавајте да понесете крем за сончање со заштитен фактор, и покрај тоа што е зима, можете да изгорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП