19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКонсумирајте соја за подобро здравје

Консумирајте соја за подобро здравје

soja556

Сојата припаѓа на мешункастите растенија, содржи многу хранливи вредности и многу поволно делува на нашето здравје. Сојата е едногодишно растение, како растителна врста под латинското име „Glycine max“ од семејството „Fabacea“.

Се смета дека сојата потекнува од Кина и дека се користи во исхраната повеќе од 4000 години. Денес покрај Кина, сојата највеќе се одгледува во Бразил и Аргентина, а во светските рамки, покрај пченицата и пченката, припаѓа во најчестите земјоделски култури.

Постојат повеќе сорти на соја, а се карактерисчни по бојата: жолта, зелена и црна соја.

Експертите сојата ја ставаат во редот на таканаречената функционална храна која лечи.

Сојата е многу богата со протеини што ја прави поразлична од било која друга билка. Таа содржи 7 есенцијални амино-киселини, а тоа се амино-киселини кои организмот мора да ги внесе за да функционира правилно.

Освен ова сојата е богата и со лецитин и со витамин Е, содржи и природни антиоксиданти кои го штитат телото и го спречуваат оксидирањето на LDL холестеролот. Сојата е богата и со магнезиум, а со тоа ја помага работата на сите системи особено на кардио-васкуларниот и локомоторниот.

Сепак сојата според многу научници е исклучително важна за простатата. Се смета дека луѓето во Азија многу ретко заболуваат од рак на простата, токму поради нивното постојано консумирање на сојата.

Освен мажите, придобивките од сојата можат да ги видат и жените. Според статистиките, жените кои редовно консумираат соја имаат многу помали шанси да добијат остеопороза по менопаузата, за разлика од жените кои не ја консумираат – истакнуваат експертите.

Сојата е здрава намирница без разлика на некои истражувања кои сакаат да го тврдат спротивното. Таа е здрав призвод доколку нормално се употребува – тврдат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП