24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВнимателно со лебот!

Внимателно со лебот!

leb178

Лебот зазема голем дел од нашите оброци во денот, но дали е тоа само лоша навика или вие едноставно не можете без него? Без оглед на се, препорачливо е да ја намалите неговата консумација или ако сте во можност комплетно да го исфрлите од вашето мени, а ви нудиме и многу добри причини зашто да го направите тоа…

1. Нема хранливи материи

Една од подобрите причини зошто не треба да претерате со консумирање на лебот е фактот што истиот нема хранливи материи, особено белиот леб. Со лебот во организмот нема да внесете влакна, кои се мошне корисни за организмот. Но, бидејќи е редовна намирница на нашата трпеза, купете си пченичен леб, тој ви е најдобар избор.

2. Содржи преголемо количество сол

Колку помалку консумирате леб, толку помалку сол внесувате во себе. Најлоша опција е обичниот бел леб кој го купуваме од продавниците, бидејќи содржи најмногу сол. За да го избегнете ова или почнете одвреме навреме дома да си правите леб или купете леб направен од целосни житарки.

3. Дебелее

Сол, јаглехидрати, рафиниран шеќер, конзерванси, сето тоа се наоѓа во составот на лебот и сето тоа дебелее. Всушност сето ова е поврзано со инсулинот во телото, а тоа е уште една причина зошто треба да внимавате на количеството леб.

4. Ги зголемува здравствените ризици

Без разлика дали станува збор за леб, слатки, бели пецива, вие го зголемувате здравствениот ризик кај себе. Преголемата консумација на леб може да доведе до појава на шеќерни болести, зголемување на крвниот притисок и срцеви болести.

5. Не заситува

Бидејќи нема во себе хранливи материи, лебот не заситува и затоа често ви се случува да претерате со неговата консумација. Ова најмногу се однесува на белиот леб. Најдобра опција ви е лебот од цело зрно, но внимавајте и со неговата консумација.

6. Чувствителност на глутен

Многу луѓе се чувствителни на глутенот, една од главните состојки на лебот, па дури постојат и болести поврзани со неговата консумација. Ако забележите дека желудникот лошо ви реагира кога јадете леб, возможно е тоа да е резултат на тоа што вашиот организам не може да го поднесе глутенот.

7. Голема количина јаглехидрати

На телото му е потребна одредена количина јаглехидрати, но нивното претерано консумирање е лошо за организмот. Токму затоа умереноста е мошне важна, како за вашето здравје, така и за намалувањето на килограмите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП