5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗабранија трансфери во Манчестер Сити!

Забранија трансфери во Манчестер Сити!

pellegrini_2

Манчестер Сити нема да се раздели со ниту еден од играчите во јануари! Ова го објави лично менаџерот на „граѓаните“, Мануел Пелегрини.

Чилеанскиот стратег мораше да ги негира шпекулациите дека клубот ќе ги продаде Един Џеко и Џек Родуел кои се незадоволни од својот статус на резерви на „Етихад“. Пелегрини сепак увери дека до крајот на сезоната ќе работи со постојниот состав и нема да се раздели со никого.

„Нема апсолутно никаква шанса Џеко да замине во јануари. Тој е многу важен дел од нашиот состав. Секој фудбалер сака да игра во секој натпревар, но според програмата за декември, тоа е апсолутно невозможно. Според мене Џеко се чувствува среќен во нашиот тим. Тој е важен за нашиот тим и може и да има понуди за него, но нема да го продадеме“, коментира Пелегрини.

Запрашан за иднината на Џек Родуел, Пелегрини го рече следново:

„Во оваа фаза од сезоната нема да се разделиме со никого, тоа важи за сите“​​.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП