5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОКТА со новогодишни изненадувања за децата од ПОУ Иднина и Д-р Златан...

ОКТА со новогодишни изненадувања за децата од ПОУ Иднина и Д-р Златан Сремец

okta-naslov

Новогодишните и божиќните празници се ближат, а со тоа расте претпразничната еуфорија и се буди желбата за дарување и дружење кај секој од нас. Токму ова беше инспирација за компанијата ОКТА повторно да организира предновогодишна заедничка дружба со своите долгогодишни пријатели – штитениците од посебните училишта  Иднина и Д-р Златан Сремец. 280 дечиња беа пријатно изненадени со новогодишните подароци од ОКТА – топли зимски елеци, неопходни за дечињата да можат непречено да уживаат за време на празниците.

Во знак на благодарност кон својот долгогодишен пријател и донатор ОКТА, дечињата  приредија и мала новогодишна приредба.

„Новогодишните празници се ближат, а со нив оживува и легендата за Дедо Мраз и желбата да ги израдуваме најмладите со новогодишни подароци. Зимските елечиња подарени оваа година се нешто неопходно и потребно за децата од Иднина, но она што е навистина скапоцено за нив е нашата посета и вниманието. Овие дечиња се со навистина скромни желби, тие посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат ни пружаат безусловна љубов и благодарност.  Токму затоа, ниту една предновогодишна еуфорија не поминува без нашето заедничко дружење“, изјави Радојка Хелман Денковска, менаџер во секторот за општествена одговорност во ОКТА.

„ОКТА е наш пријател веќе седум години, и со своите предновогодишни посети на децата им ја разубавува предноновогодишната еуфорија. Бескрајно сме им благодарни за посветеноста и за покажаната грижа кон овие дечиња со посебни потреби, а благодарение на нив сега имаме топли елеци за студената зима, но и топлина во срцето заради верното пријателство“, изјави Анета Петровска директорка на ПОУ Иднина.

okta-donacija

okta-donacija2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП