3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОва се најскапите компании во светот

Ова се најскапите компании во светот

F

Американскиот гигант „Apple“ и понатака останува најскапата компанија во светот, чија пaзарна вредност изнесува 490 милијарди долари, според класификацијата на компанијата „Ernst & Young“

Три швајцарски компании – „Roche“, „Novartis“ и „Nestle“, се најдоа на листата од 100 компании со најголема пазарна вредност во светот, и тоа меѓу првите 20.

Како што пренесува швајцарскиот весник „20 минути“, компанијата „Roshe“ поседува пазарна вредност од 232 милијарди долари (207 милијарди франци) и се наоѓа на 11-тата позиција во светот.

Со сума од 229 милијарди долари, „Nestle“ е на 13-тото место, а „Novartis“ на 18-тото место со 212 милијарди долари.

Овие три швајцарски гиганти ја зголемија пазарната вредност за 15 проценти на глобално ниво, и само американските компании имаат поголем раст од нив, односно 23 проценти. Во вкупната класификација, Швајцарија доаѓа зад САД, Велика Британија, Кина, Германија, Франција и Австралија.

Во истражувањето се наведува дека и американските компании и оваа година доминираат во однос на пазарнта вредност, бидејќи 47-те најголеми компании на листата од 100 компании се од САД, што е за четири проценти повеќе од минатата година.

Информатичкиот гигант „Apple“, останува и понатака најскапата компанија во светот, чија пзарна вредност изнесува 490 милијарди долари,  што сепак е за околу девет милијарди помалку во однос на 2012 година. Нафтената компанија „Exxon“ поседува пазарна вредност од 434 милијарди долари, а зад неа следи „Google“ со 363 милијарди.

Што се однесува до европските компании, 32 се наоѓаат на листата од 100, што е за две помалку во однос на минатата година, но ниту една не се наоѓа меѓу првите 10, а како причина за лошиот пласман се наведува финансиската криза, спориот економски раст и високата цена на енергијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП