28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMурињо и Челзи - Љубовта пред парите!

Mурињо и Челзи – Љубовта пред парите!

muo celzi

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо изјави дека се надева дека ќе остане на чело на клубот од „Стемфорд Бриџ“ уште 12 години. Како што е познато Португалецот го тера својот втор мандат на чело на Челзи. Првиот траеше малку повеќе од 3 години и заврши кон крајот на 2007-та година, кога Мурињо изненадувачки го напушти тимот. Тој, сепак никогаш не ги криеше симпатиите кон Челзи и призна дека сака да остави сериозна трага во историјата на овој тим.

„Реално јас се надевам дека после 4 години ќе седнеме на иста маса со раководството и ќе разговараме за ситуацијата во која ќе се наоѓа клубот, дали се задоволни двете страни и ќе продолжиме заедно или ќе се разделиме“, коментира Мурињо.

„Би сакал да останам тука уште 12 години. Следниот месец ќе наполнам 51. Ако останам тука уште 12 години, потоа сакам да бидам селектор на национален тим за уште 2 години. Португалија ми е прв избор, Англија – втор“, додава „Специјалниот“.

Мурињо го потврди сегашниот договор како „најлош“ во последните 6 години. Но еве зошто го избрал Челзи.

„Јас заминав од Реал Мадрид бидејќи јас сакав така, а не затоа што клубот го побара тоа од мене. Имав понуди од други тимови од други земји и можев за секунда да си најдам „лесна работа“. Ако ме интересираа парите во моментов немаше да бидам тука и да работам за многу помалку, отколку што добивав во Реал Мадрид, каде имав договор за уште 3 години. Не дојдов тука, бидејќи работата е лесна или затоа што имам тим, подготвен да ја нападне титулата, или затоа што сум го добил најдобариот договор во мојата кариера. Не, тоа е најлошиот договор за мене во последните 6 години. Јас сум тука, бидејќи го сакам клубот, го сакам проектот. Ова е различен проект од другите“, коментира Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП