Американски судија одлучи дека Фејсбук, нејзиниот директор Марк Цукерберг и десетина банки ќе мораат да одговараат на тужбата дека друштвената мрежа измамила инвеститори.
Како што беше соопштено, друштвената мрежа ги измамила инвеститорите во врска со својата финансиска состојба пред минатогодишната, 16 милијарди долари тешка иницијална јавна понуда на берзата (IPO).
Во одлуката која беше објавена вчера, американскиот сојузен судија Роберт Свит од Менхетн изјавил дека инвеститорите може да се потпрат на фактот дека Фејсбук во својата регистрациска изјави ги изоставила материјалните информации.
Инвеститорите тврдат, меѓу останатото, дека Фејсбук морал да ја открие интерната проекција за тоа колку зголемената употреба на мобилните телефони би можело да ги намали идните приходи.